НАШАТА ВИЗИЈА
ЕКОЛОШКИ ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО
Ова е нашиот досега најголем проект. Веќе не е само план, стана реалност...
Во 2017 година, здравиот разум нѐ натера да преземеме сѐ што е потребно за да го трансформираме нашиот бизнис-модел. Тоа и го направивме, сѐ со цел да произведуваме еколошки одржливи производи.
Сакавме целосно да ја препознаеме и прифатиме одговорноста за влијанието на нашиот бизнис врз околината и општеството, па го започнавме Проектот HOOOPE. Ова се нашите цели:
- Системска трансформација на целиот производствен систем
- Големи инвестиции за развој на нови обновливи извори
- Нашите морални вредности се базираат врз целосна транспарентност и преземање одговорност
Ова се дел од нашите резултати:
Плантажа од 50 хектари со дрвја од родот Paulownia
Шума FEYDOM - Србија
ШУМА FEYDOM
Со цел да се намали обесшумувањето, во 2017 година започнавме да садиме шума. Оттогаш, во оваа шума секоја година садиме по 10 хектари полни со дрвја од родот Paulownia. Во моментов имаме вкупно 30.000 брзорастечки дрвја на плантажа од 50 хектари. Но, ова е само првата половина од проект за кого се планирани 100 хектари, а го нарековме Шума FEYDOM.
Целта на овој проект е да си обезбедиме материјали за изработка, додека садиме по 10 дрвја за секое едно кое е употребено во нашиот производствен процес. Моментално нашата шума апсорбира 2000 тони СО2 годишно, а бројот секоја година се зголемува.
Соларна фотоволтаична електрана од 250 kW
Фабрика FEYDOM FURNITURE - Скопје, С. Македонија
СОЛАРНА ЕЛЕКТРАНА
Со цел да се намали емисијата на СО2 во атмосферата, во 2019 година ние започнавме со инсталација на фотоволтаични панели на покривите на фабриките.
Денес, овие панели произведуваат повеќе електрична енергија отколку што трошиме при производството, со што целовкупниот процес работи на електрична енергија добиена од обновлив извор.
МАЛА РАБОТА, ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
Отстранливи навлаки
Најголем дел од FEYDOM гарнитурите се дизајнирани со отстранливи навлаки кои лесно се перат и одржуваат.
Овие отстранливи навлаки ви нудат опција да ги смените материјалите и боите на секој елемент. Со ова лесно може да си ја менувате дневната соба без да фрлите дел од постоечкиот мебел.
Јадро од џебни пружини
Со цел да се намали загадувањето на околината со пластика, нашите понови модели имаат челични пружини во седечкиот дел како замена за полиуретанска пена. Употребата на овие пружини ја намалува употребата на полиуретанска пена за 50% и на производот му дава двојно поголем рок на траење.
НАПРАВЕТЕ ПРОМЕНА!
Се надеваме дека нашите резултати се доказ дека е можно успешно да се произведува мебел без да се одзема од природата повеќе отколку што можеме да ѝ вратиме.
Ако ние може да го направиме тоа, можете и сите вие! Всушност, a зошто да не направиме промена заедно!