КолекцииМодуларни гарнитуриКонтакт

Откажување и поврат на средства

Враќање на производ

Ако не сте целосно задоволни со купениот производ, можете да го вратите во рок од 30 дена од испораката, под следниве услови:

  • Потребно е да прикажете оригинална фискална сметка или фактура како доказ за направената продажба
  • Производ мора да биде нов и неупотребуван, и спакуван за безбеден транспорт
  • Ако производот за враќање не е во нова и неупотребувана состојба, нема да биде прифатено враќањето.

Трошоци за испорака на вратен производ

Вие сте должни самите да ги платите трошоците за испорака на вратениот производ. Овие трошоци не може да се рефундираат.

Рефундирање

Oткако ќе го добиеме производот, ќе го провериме и ќе ве известиме дека е примен. Доколку добиете одобрение за враќање, ќе ја започнеме процедурата за рефундирање на средствата.

Откажување на нарачката пред предвидениот датум на достава и/или пред да се доплати преостанатиот дел

Во овој случај платениот депозит се задржува од страна на ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС, а доколку е платен целосниот износ, ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС задржува до најмногу 6.000 денари, зависно од износот на нарачката.

Оштетени производи

Доколку добиете оштетен производ, ве молиме што поскоро контактирајте нѐ со опис на рекламацијата и фотографии. Ќе бидете контактирани во најбрз можен рок.

Дополнителни информации

Доколку имате нешто нејасно во поглед на правилата за враќање и рефундација или, пак, потребни ви се дополнителни информации, ве молиме контактирајте нѐ преку нашата контакт-форма.

Пребарај производи

×