Нашиот производ
Четири клучни фактори во еден производ, кои овозможуваат најголема разноликост во светот на гарнитурите.
1. МОДУЛАРНОСТ
Барате разноликост?
Секоја гарнитура на FEYDOM е систем од модуларни елементи.
Додајте. Отстранете. Наредете. Прередете.
Создајте гарнитура за седење токму по вашите потреби.
Одберете готова гарнитура или, пак, креирајте сопствена според бројот на луѓе кои треба да ги собере. Сето она кое ќе ги задоволи вашите уникатни потреби ви е на дофат. Имате тросед, но сфативте дека ви треба нешто повеќе? Не менувајте ја целата гарнитура, само додајте си елементи!
Секоја гарнитура, токму поради својата разноликост, може да ја собере во секоја просторија, без разлика дали се работи за пространа дневна соба или соба во студентски дом.
Зошто да купите аголна гарнитура, кога собата ви одговара за тросед и табуретка?
Потребно е само брзо и едноставно преместување на елементите. Добијте максимум од својот простор со нивно прераспоредување според големината на вашата соба. Поделете ги. Комбинирајте. Идеалниот сет за вашиот простор не е мит!
Иновативни и едноставни конектори со кои одморот е безгрижен.
Ако ви се потребни лепенки на спојот на елементите, ако сакате да ги фиксирате тркалцата или да ги споите дискретните метални конектори, не грижете се. Пристапот до додатоците кои овозможуваат фиксирање на елементите е ултралесен!
2. Прилагодување според вашите лични потреби.
Вие сте дизајнерот.
Еве што содржат сетовите на FEYDOM:
Дел за седење.
Потпирачи за грб.
Потпирачи за раце.
Пернички.
Отстранливи навлаки.
Својот сет можете да си го направите комбинирајќи различни елементи од која било колекција или, едноставно, одберете готов сет.
Откако ќе си го креирате својот идеален сет, одберете си материјал и боја.
За својот сет може да одберете една боја или, пак, одредени елементи да акцентирате со различна боја. Можете дури и секој елемент да го направите во различна боја!
Отстранливи навлаки
Заборавете на претапацирањето или купувањето нов сет кога ќе треба да ги смените навлаките.
Еколошкото никогаш не изгледало помодерно.
Нудиме низа различни материјали и бои за навлаките, кои лесно може да се отстранат, да се перат или, пак, едноставно да се сменат со нови.
За дизајнерите, за неодлучните, за оние кои, едноставно, имаат потреба од промена.
3. Целосна трансформација
Новото неопходно нешто е промената!
Нашите гарнитури, потпирачи за раце, грб и перничките, се дизајнирани да се преместуваат и прередуваат од страна на едно лице за само неколку минути.
Една соба не мора да има само една намена.
Со едноставно преместување на елементите, вашата дневна соба може да стане гостинска соба, детска соба или, пак, спална.
Аголната гарнитура лесно може да се трансформира во двосед, фотелја или табуретка. Дополнително, може да стане и спална!
Четвороседот може да стане аголна гарнитура, две лежалки и, повторно, спална.
Фотелјата може да стане аголен двосед, дури и кревет.
4. ДОСТАПНОСТ
Ултрамодерен и достапен производ
Производот од фабрика се носи директно до вас од страна на FEYDOM. Тоа е овозможено од светската FEYDOM-мрежа.
Дополнително, профитот од секој еден продаден производ се инвестира за непрекинато да се подобруваат производите на FEYDOM, како и нашите услуги и работната атмосфера.
Ова значи:
Нема агенти. Нема претставници. Нема посредници. Нема дополнителни трошоци.
Само ние, дизајнерите, производителите, дистрибутерите и клиентите. Луѓето на FEYDOM здружени со цел
отворена алокација на ресурси,,
тотална корпоративна транспарентност,
и индивидуална одговорност
во секој сегмент од организацијата.