КолекцииМодуларни гарнитуриКонтакт

Услови за користење

Последно ажурирање: 13 ноември 2025

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие услови за користење ("услови") пред да ја користите нашата веб-страница од С. Македонија преку доменот feydom.mk ("услуга") која е управувана од БРАИН ДРАИН ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ ("ние", "нас", или "нашите").

Вашиот пристап и користење на услугата се условени со вашето прифаќање и почитување на овие услови. Овие услови се применуваат за сите посетители, корисници и други кои пристапуваат или ја користат услугата и се наоѓаат на територијата на Република С. Македонија.

Со пристапувањето или користењето на услугата, се согласувате да бидете врзани со овие услови. Ако не се согласувате со било кој дел од условите, тогаш не може да пристапите на услугата.

Информации за Трговецот:

Име на Трговецот: ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС ДОО
Адреса: Љубљанска 6, 1000 Скопје
Телефон: 02 3121 436
Е-маил: info@feydom.mk

Користење на услугата

Услугата е достапна само за жители на С. Македонија и е предвидена за користење само од страна на полнолетни лица. Со пристапување или користење на услугата, вие потврдувате дека сте жител на С. Македонија и дека имате најмалку 18 години.

Цени и данок на додадена вредност

Сите цени прикажани на веб-страницата се со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).

Политика за откажување и поврат на средства

Трговецот, ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС, го задржува правото да откаже нарачка во рок од 3 дена од купувањето и да му го врати на купувачот целиот платен износ. Клиентите исто така можат да ги откажат своите нарачки во рок од 24 часа од плаќањето ако нарачката е направена по грешка и сè уште не е испратена од складиштето или испорачана на клиентот, и ќе им биде вратен целиот платен износ. За повеќе детали околу другите можности за откажување, посетете ја нашата Политика за откажување и поврат на средства.

Гаранција

Сите производи имаат гаранција во времетраење од 2 години од датумот на купување. За понатамошни детали за гаранцијата, ве молиме посетете ја страницата за Гаранција на производите на веб-страницата.

Испорака

Трошоците за испорака се пресметуваат врз основа на адресата на клиентот. Секогаш се трудиме да го испочитуваме договореното време за испорака, но имајте во предвид дека понекогаш предвиденото време за достава може да варира поради фактори како што се временски услови и други непредвидени околности. За повеќе детали околу испораката, ве молиме прочитајте ја нашата Политика за испорака.

Плаќање

Трговецот, ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС, нуди повеќе можности за плаќање. За повеќе информации, поогледнете ја нашата страница за Начин на плаќање.

Промоции и попусти

Повремено, ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС може да понуди промоции и попусти, нудејќи на клиентите можност да купат производи по намалени цени. Овие промоции и попусти може да бидат условени со специфични услови и правила, како што се ограничени количини, рок на траење на промоцијата и услови за квалификување. Имајте во предвид дека промотивните понуди не можат да се комбинираат и клиентите мора да се придржуваат до специфичните услови и правила на секоја промоција или попуст.

Согласност за комуникација

Со користење на оваа веб-страница, вклучувајќи кога нé контактирате или вршите друга интеракција со веб-страницата, изречно се согласувате да бидете контактирани од страна на ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС за различни цели. Оваа согласност вклучува, но не е ограничена на, комуникација во врска со вашето барање, помош при купување и други маркетинг или промотивни активности. Можеме да ве контактираме преку контакт податоците што ги имате доставено, вклучувајќи е-пошта, телефон или други средства. Вашата согласност за оваа комуникација е услов за користење на нашата веб-страница и услуги. Имајте на ум дека имате право да се откажете од маркетинг комуникациите во секое време, следејќи ја постапката опишана во нашата политика за приватност.

Права на интелектуална сопственост на нашата веб-страница

Сите содржини, вклучувајќи слики, видеа, дизајни и репрезентации на производите на нашата веб-страница, се исклучива сопственост на БРАИН ДРАИН ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ или нивните сопственици на лиценци. Овие права на интелектуална сопственост се заштитени со авторски права, заштитни знаци и други применливи закони. Неовластено користење, репродукција или дистрибуција на оваа содржина е строго забранета и може да резултира со правни последици.

Ограничување на одговорност

До максималната мера дозволена со применливиот закон, во никој случај БРАИН ДРАИН ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ, ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС, нивните подружници, или кој било од нивните сопственици, управители, вработени или агенти нема да бидат одговорни за било какви директни, индиректни, казнителни, случајни, специјални, последователни или примерни штети, вклучувајќи без ограничување штети за загубен профит, добра волја, податоци, или други нематеријални загуби, настанати од или во врска со користењето на услугата, производите или овие услови за користење.

Линкови кон трети страни

На нашата веб-страница може да има линкови до веб-страници или услуги од трети страни кои не се сопственост или контролирани од БРАИН ДРАИН ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ или ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС. Овие линкови се достапни исклучиво за ваша удобност и информативни цели. Ние не ги поддржуваме, не ги прегледуваме и не преземаме никаква одговорност за содржината, политиките за приватност или практиките на било која веб-страница или услуги од трети страни. Вашето користење на линковите кон трети страни е на ваш ризик, и ве охрабруваме да ги прочитате условите и политиките за приватност на секоја посетена страна. БРАИН ДРАИН ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ и ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС нема да бидат одговорни, директно или индиректно, за било каква штета или загуба предизвикана или тврдења дека е предизвикана со или во врска со вашето користење на било каква содржина, стоки или услуги од трети страни.

Промени на условите за користење

Го задржуваме правото, по наша одлука, да ги менуваме или замениме овие услови во кое било време. Проверувајте ги овие услови за користење редовно. Вашето континуирано користење на веб-страницата откако ќе објавиме промени на условите на оваа страница ќе претставува ваша потврда за прием на промените и ваша согласност да се придржувате кон променетите услови за користење.

Контактирајте нѐ

Ако имате било какви прашања во врска со овие услови на користење, ве молиме контактирајте не на info@feydom.com.

Пребарај производи

×