КолекцииМодуларни гарнитуриКонтакт

Политика за приватност

Последно ажурирање: 13 ноември 2025

БРАИН ДРАИН ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ („ние“, „нас“, „нашите“) е посветен на заштита на вашата приватност. Оваа политика за приватност објаснува како ги собираме, користиме, откриваме и заштитуваме вашите податоци кога пристапувате на нашата веб-страница од С. Македонија преку доменот feydom.mk („веб-страница“).

Ве молиме прочитајте ја внимателно оваа политика за приватност. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате со собирањето, користењето, споделувањето и чувањето на вашите податоци како што е опишано во оваа политика за приватност.

Податоци кои ги собираме

Собираме податоци кои ни ги доставувате доброволно кога праќате порака или на друг начин вршите интеракција со веб-страницата.

  1. Лични податоци: собираме лични податоци како вашето име, е-маил адреса, поштенска адреса и телефонски број кога праќате порака, правите нарачка или се пријавувате за нашиот билтен.
  2. Автоматски собрани податоци: автоматски собираме одредени податоци кога ја посетувате, користите или ја прелистувате веб-страницата. Овие податоци не го откриваат конкретно вашиот идентитет, но може да вклучуваат податоци за уредот и користењето, како вашата IP адреса, карактеристики на прелистувачот и уредот, оперативен систем, јазични поставки, реферирачки URL адреси, име на уредот, земја, локација, податоци за тоа како и кога ја користите веб-страницата и други технички податоци.

Како ги користиме вашите податоци

Ги користиме вашите податоци за:

  1. Обработка и управување со вашите нарачки.
  2. Подобрување, персонализација и проширување на веб-страницата и нашите услуги.
  3. Комуникација со вас, вклучувајќи одговарање на вашите прашања, обезбедување на ажурирања и маркетиншки и промотивни материјали.
  4. Надгледување и анализа на трендови, употреба и активности во врска со нашата веб-страница.
  5. Превенција и откривање на измами, злоупотреби и други незаконски активности.

Споделување на вашите информации

Ги споделуваме вашите информации со трети страни кои обезбедуваат услуги во наше име, како што се анализа на податоци, достава на е-пошта, хостинг услуги, кориснички услуги и маркетиншки активности. Нашите обработувачи на податоци ги вклучуваат:

  • ФЕЈДОМ ИНТЕРИОРС - Комуникација со клиенти и обработка на нарачки
  • NETCUP - Хостинг на веб-страницата
  • NETCUP - Достава на е-маил
  • ZOHO MAIL - Достава на е-маил
  • ZEPTOMAIL - Трансакциони е-маил пораки

Вашите информации може да ги споделиме во случај на официјални барања од институциите на државата регулирани со Закон или доколку сметаме дека е потребно за да се почитуваат нашите законски обврски, заради заштита и одбрана на нашите права или имот, или заради заштита на личната безбедност на корисниците на веб-страницата или јавноста.

Колачиња и други технологии за следење

Можете да дознаете повеќе за овие технологии, како ние ги користиме овие технологии и како да управувате со вашите поставки со посета на нашата Политика за колачиња.

Сигурност на податоците

Имаме имплементирано соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од неовластен пристап, употреба, изменување и откривање.

Вашите права

Имате одредени права според Законот за заштита на податоци, вклучувајќи:

  1. Право на пристап, исправка, ажурирање или барање за бришење на вашите лични податоци.
  2. Право да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци или да барате од нас да ја ограничиме обработката.
  3. Право да се откажете од маркетинг комуникацијата.
  4. Право да ја повлечете вашата согласност во секое време.
  5. Право да се пожалите кај орган за заштита на податоци за нашето собирање и користење на вашите лични податоци.

За да ги остварите вашите права, ве молиме контактирајте нѐ користејќи ги податоците за контакт дадени подолу.

Чување на податоците

Ќе ги чуваме вашите лични податоци сѐ додека не биде потребно за да се исполнат целите за кои биле собрани или колку што е потребно според применливите закони и прописи.

Прикажување на рецензии за услуга од Google

На нашата веб страница прикажуваме рецензии за услуга собрани од Google. Не ги собираме овие рецензии сами, туку само ги прикажуваме тие што Google веќе ги има собрано. Притоа немаме пристап до лични податоци на рецензентите.

Меѓународно пренесување на податоци

Вашите податоци може да бидат пренесени и чувани во земји надвор од земјата во која биле собрани. Ние имаме обезбедено соодветни заштитни мерки за да се заштитат вашите податоци во согласност со оваа политика за приватност.

Приватност на децата

Нашата веб-страница не е наменета за употреба од страна на деца под 16 години. Ние не собираме лични податоци од деца под 16 години со намера. Ако дознаете дека дете ни доставило лични податоци, ве молиме веднаш контактирајте нѐ користејќи ги контактите дадени подолу. Ако дознаеме дека сме собрале лични податоци од дете под 16 години, ќе преземеме чекори да ги отстраниме тие информации од нашите системи.

Измени на политиката за приватност

Можеме да ја ажурираме оваа политика за приватност од време на време. Ќе бидете известени за било какви промени со објавување на новата политика за приватност на оваа страница и со ажурирање на датумот на стапување на сила на врвот на оваа политика за приватност. Ви советуваме редовно да ја прегледувате оваа политика за приватност за било какви промени. Промените на оваа политика за приватност стапуваат на сила кога ќе бидат објавени на оваа страница.

Контактирајте нѐ

Ако имате било какви прашања во врска со оваа политика за приватност, ве молиме контактирајте нѐ на info@feydom.com

Пребарај производи

×